
Веста за смртта на Саша Поповиќ ја потресе целата естрада и ја растажи јавноста.
Дека боледува од тешката болест дознал пред нешто помалку од една година. Дотогаш, Поповиќ често нагласувал дека се чувствува како млад човек и е сосема здрав, но пред неколку години, според медиумите, составил тестамент.
Имено, Саша Поповиќ наводно решил со помош на адвокат да состави тестамент во кој посочил кому го остава целиот свој имот.
Откако ги продал акциите во „Гранд“, почнал да инвестира во разни бизниси и со сопругата отвориле неколку бизниси кои на нивните деца ќе им обезбедат подобра иднина.
Меѓутоа, свесен за времето во кое живееме, Саша наводно составил тестамент за навреме да го обезбеди своето семејство.
Сале се консултирал со својот адвокат и решил се да и остави на Сузана. Таа е петнаесет години помлада од него, но тој има најголема доверба во неа и е сигурен дека таа ќе може да се снајде со сите средства што ги поседуваат – тврдел тогаш изворот и додал:
Тој и верува и на ќерката и на синот на Сузана, кого го воспита како да е негов. Но, тој сепак е решен да остави се на Сузана, за која верува дека ќе сподели сè според својата совест и како што би направил и самиот тој, раскажал изворот.