
Активностите на Самитот во Анкара продолжија со прием организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, кој се одржа во новиот објект на Министерството. Упатив благодарност за континуираната поддршка што Турција и ја дава на Македонија и разменивме мислења за актуелните безбедносни предизвици.
По приемот, во Претседателскиот комплекс во Анкара учествував на состанокот на Северноатлантскиот совет во формат на министри за одбрана, заедно со партнерите од Индо-Пацификот. Ги истакнав инвестициите во модернизацијата на Армијата и развојот на одбранбените капацитети, со кои придонесуваме кон посилна колективна безбедност.
Единството, соработката и заедничката посветеност остануваат темел за зачувување на мирот и стабилноста.

Македонски



