Skip to main content

Хеликоптер се урна близу Анкара

Freepik

Во локалитетот Темели, во општината Синџан, во Анкара, учебен хеликоптер се урна во нива. На местото на настанот беа упатени бројни екипи за итна помош и спасување. Според првичните информации, двајца лица беа повредени, јави Хуријет.

Подоцна беше соопштено дека пилотот, пензионираниот полковник Јасаозден Баккал, кој учествувал во тренажен лет, починал по несреќата. За случајот е отворена истрага од Главното јавно обвинителство на Западна Анкара.

Министерот за правда на Турција, Акин Гурлек, информираше дека пензионираниот полковник Јасаозден Баккал, еден од двајцата што биле во хеликоптерот, починал во болницата каде што бил хоспитализиран.

Поврзани вести