Skip to main content

Во Србија фатени лажни кондоми, се продавале под името и логото на „добро познат бренд“

Magnific

Повеќе од 200.000 кондоми од Кина, лажно декларирани како играчки, ги заобиколија барањата за контрола на квалитетот на Европската Унија, изложувајќи ги потрошувачите на опасност и ризик од сексуално преносливи инфекции, несакани бремености и опасни хемикалии и материјали, објави „Евроњуз“ (Euronews).

Во ЕУ, кондомите се класифицирани како медицински помагала и мора да ги исполнуваат строгите здравствени и безбедносни стандарди, вклучувајќи контрола на микробиолошка контаминација, биокомпатибилност, отпорност на протекување, пропишани димензии, рок на траење и стабилност. Фалсификуваните производи од Кина ги заобиколиле сите овие услови, според Петр Клемент, раководител на Европската канцеларија за борба против измами.

Фалсификуваните кондоми се опасни. Тие се нетестирани, неисконтролирани и небезбедни, изјави Клемент.

Фалсификуваните кондоми, за коишто се проценува дека би чинеле вкупно повеќе од 200.000 евра, беа запленети во Романија, Србија и Шпанија.

Според наводите на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), неисконтролираните производи биле продавани во Европа под името и логото на добро познат бренд. Канцеларијата не го открива називот.

Тешко е да се дадат точни бројки поради природата на нелегалните мрежи. Фалсификуваната стока е тешко да се пронајде, како што е тешко да се информираат поединците-потрошувачи кои можеби купиле такви кондоми, соопшти ОЛАФ.

Во соработка со кинеските власти, ОЛАФ го идентификуваше извозникот зад спорните пратки, но засега не го објавува неговиот назив.

Поврзани вести