Skip to main content

Беда и срам на гробиштата во Бутел: Исечени гранки врз гробовите, нема каде да се помине

копјанец објави видео на кое се гледаат купишта исечени гранки оставени директно врз гробните места и патеките меѓу нив. Наместо уреден пристап до гробовите, посетителите се соочуваат со препреки и натрупан отпад.

Според сведоштвото објавено со видеото, на дел од местата практично нема каде да се помине за да се пристапи до гробот, а за оставање цвеќе или палење свеќа, како што вели граѓанинот, ситуацијата е уште потешка.

„Гробиштата се претворени во змијарник“, вели тој, алудирајќи на запуштеноста и стравот од појава на змии во високата вегетација и натрупаните гранки.

Состојбата на гробиштата „Бутел“ и претходно беше тема на реакции во јавноста. По силното невреме во Скопје во јули, на гробиштата беа пријавени оштетени и изместени гробни места, а граѓани тогаш споделуваа фотографии од последиците.

Новата снимка, пак, отвора прашање за одржувањето на просторот и навременото расчистување на гранките и отпадот.

За семејствата кои доаѓаат да ги посетат своите најблиски, гробиштата не треба да бидат место низ кое едвај се пробиваат, туку достоинствен и уреден простор за починатите и за оние кои доаѓаат да им оддадат почит.

Останува надлежните да одговорат кој е задолжен за расчистување на просторот и кога овие гранки ќе бидат отстранети.