Skip to main content

Црното чоколадо е здраво

 Темното чоколадо е лек и точка. Еден од најдобрите лекови што постојат, со земање на 50 до 100 грама дневно темно чоколадо со 75 проценти или повеќе какао – вели д-р Симон Милс, британскиот експерт за фитотерапија (билна медицина), медицински билкар и автор во областа на природната медицина.

Симон Милс (Simon Mills) е познат британски хербалист и пионер во современата фитотерапија. Дипломирал медицински науки на Универзитетот во Кембриџ и работи како клинички хербалист во Ексетер, Англија, уште од 1977 година. Оттука, иако пред негвото име може да се најде титулата д-р тој нема лиценца да работи како доктор, но е експерт во својата област. Тоа, заедно со податокот дека завршил медицински науки на Кембриџ, дава за право да му се припише и таа титула.  

Експертите по фитотерапија препорачуваат секојдневна консумација на какао со висок процент за подобрување на циркулацијата, подобрување на расположението и долговечност.

Во време кога потрагата по природни методи за зачувување на здравјето е во постојан пораст, сè повеќе експерти го насочуваат вниманието кон производи што со векови се користат во традиционалната медицина, а денес ја добиваат и својата научна потврда.

Д-р Милс во разговор со познатиот претприемач и водител Стивен Бартлет, испраќа јасна и недвосмислена порака за вредноста на чистото какао.

-Темното чоколадо е лек, и точка. Еден од најдобрите лекови што постојат е 50 до 100 грама темно чоколадо со најмалку 75 проценти какао – истакнува д-р Милс.

Брзи резултати за мозокот и циркулацијата

Ефектите од консумирањето на висококвалитетно какао не бараат долготраен период за да станат видливи. Според д-р Милс, науката веќе има цврсти докази за неговото брзо дејство врз организмот.

-Правеа студии каде што им даваа какао на волонтери и успеаја да покажат промени во протокот на крвта за неколку минути, а дефинитивно во рок од еден час по консумирањето. Тоа е добро за здравјето на мозокот, како и за кардиоваскуларното здравје – објаснува тој.

Овој брз ефект има директно позитивно влијание врз две клучни подрачја: Здравјето на мозокот: Преку подобрена микроциркулација и подобро снабдување на мозочните ќелии со кислород. Кардиоваскуларниот систем: Со релаксирање на крвните садови и подобрување на целокупниот крвоток.

Подигање на расположението и духовна традиција

Покрај чисто физиолошките придобивки, какаото содржи и природни стимулирачки состојки кои делуваат слично како кафето, нудејќи стабилен прилив на енергија и подобрување на расположението.

Водителот Стивен Бартлет го потврдува ова преку лично искуство од бизнисот на својата партнерка („Bali Breathwork“), која сесиите со жени ги започнува со топла шолја чисто какао.

-Веднаш забележуваш како луѓето се менуваат откако ќе испијат топла шолја какао. Топло е, и таа вели дека речиси им го отвора срцето. А претпоставувам дека тоа е поради циркулацијата – споделува Бартлет, додека д-р Милс се согласува дека какаото има докажан ефект на подигање на расположението — причина повеќе зошто луѓето толку многу го сакаат.

Клучот е во квалитетот, а не во шеќерот

Соговорниците нагласуваат дека мора да се направи јасна разлика помеѓу вистинското темно чоколадо и индустриските производи. Бартлет предупредува дека „не зборуваме нужно за топло чоколадо што доаѓа од кесичка“, што д-р Милс дополнително го појаснува.

Поврзани вести