Skip to main content

Почина професорката д-р Рамона Маркоска

Факултет за информатички и комуникациски технологии-Битола објави дека на 17 јули годинава, починала д-р Рамона Маркоска, редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии -Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола.

Д-р Рамона Маркоска академската кариера на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ја започна на Техничкиот факултет-Битола во 2008 година, а во 2014 година продолжи со работа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии-Битола.

Со нејзината смрт академската заедница на ФИКТ и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола загуби драга и почитувана колешка, истакнат и посветен наставник и истражувач од областите на програмските јазици и технологии, семантичките веб технологии, моделирањето на е-бизнис процесите и менаџментот на информатичките и комуникациските технологии.

Меѓу колегите и студентите ќе остане запаметена по нејзината стручност и посветеност во изведувањето на наставно-научната дејност“, пишува во објавата.

Поврзани вести