Skip to main content

Зеленски се жали: Испораките на ракети за воздушна одбрана на Украина се трипати помали од лани

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека испораките на ракети за украинската воздушна одбрана се трипати помали од 2025 година и ги повика политичарите во сојузничките земји да му одобрат повеќе испораки.

Ова се однесува не само на овој летен период, туку и на кој било период во првата половина од оваа година, наведе Зеленски во објава на Икс.

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили почнаа масовен напад врз капацитети поврзани со производство и складиштење компоненти за ракети и дронови во главниот град на Украина, Киев, а украинската противвоздушна одбрана не успеа да пресретне ниту една од истреланите ракети. 

Поврзани вести