
Сообраќајот на улицата „Перо Наков“, во делот кај Железничката станица Маџари, утре од 8:00 до 16:00 часот ќе биде целосно во прекин поради санација на патниот премин.
Како што соопшти Општина Гази Баба, градежните работи на преминот ќе ги изведува ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје, а активностите ќе се реализираат во координација со СВР Скопје.
Општина Гази Баба ги замолува граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и насоките на полициските службеници, како и навремено да ги планираат своите патувања – се наведува во соопштението.

Македонски


