Skip to main content

Лишени од слобода 21 возач за безобѕирно управување возило, 13 возеле без возачка дозвола, а седуммина под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 21 возач за безобѕирно управување возило, од кои 13 возеле без возачка дозвола, седуммина под дејство на алкохол и еден со забрана за управување возило, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од вкупно 13 кои возеле без возачка дозвола петмина се во Скопје, двајца во тетовско и по еден во Македонска Каменица, Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар и Битола). Од седуммина под дејство на алкохол тројца се во Скопје и по еден во Свети Николе, Куманово,Тетово и Велес, а еден возач во Кичево возел и покрај тоа што имал забрана за управување возило.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Поврзани вести