Skip to main content

Шкендија следната недела ќе брка еден гол негатива против Хибернијан

Фудбалерите на Шкендија синоќа го загубија првиот натпревар со 2:1 од шкотски Хибернијан на негов терен од третото квалификациско коло од Конференциската лига. Поразот дојде во последната минута кога домашниот тим по вторпат ја затресе мрежата на тетовчани.

–   Важен натпревар со физички добар противник. На реваншот во Скопје дефинитивно ќе се обидеме да го извлечеме максимумот. Мислам дека момците дадоа сè од себе. Во Скопје дефинитивно мора да влеземе со максимум сили. Вообичаено, според искуството што го имам во минатото како фудбалер, шкотските тимови имаат проблеми со временските услови, но не мислам дека тоа би можело да биде проблем. Она што морам да го кажам е дека мора да си ја завршиме работата и задачите што ќе ги дадеме за реваншот, дека дефинитивно ќе се обидеме да се квалификуваме и тоа би било фантастично за момците, за клубот, изјави на прес конференцијата тренерот на Шкендија, Артим Положани.

Реванш натпреварот се игра во четврток – 13.август на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 20 часот

Поврзани вести