
На тениските терени на Тенискиот клуб „Аква тен” во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал опен тениски турнир, во организација на Лекарската комора на Македонија.
Турнирот е традиционален и ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и го промовираат здрав начин на живот.
Во текот на дводневната спортска манифестација, учесниците ќе се натпреваруваат во повеќе категории, а организаторите очекуваат успешна реализација на јубилејното издание на Медикал опен.

Македонски


