Skip to main content

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Иако пожарот во селото Раец е целосно изгаснат, екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кавадарци и натаму остануваат на терен, каде што вршат редовни контроли на целото опожарено подрачје.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, истакнува дека превентивните активности продолжуваат и по локализирањето на пожарот.

Со превентивни обиколки и внимателно следење на состојбата, се проверуваат сите критични точки, со цел навремено да се реагира доколку се појави повторно разгорување. Безбедноста на граѓаните и спречувањето на нови жаришта остануваат највисок приоритет – вели Јанчев. 

Поврзани вести