Skip to main content

Рашфорд се враќа во Манчестер јунајтед

Facebook / Marcus Rashford

Маркус Рашфорд е пред враќање во редовите на Манчестер јунајтед. Англичанецот во 2025 година беше претставен како засилување во Барселона и одигра солидна сезона (11 голови и 14 асистенции) во редовите на каталонскиот клуб и кога се очекуваше да потпише договор, сега најреално е негово враќање на „Олд трафорд“.

Барселона имаше можност да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра, но тоа не го стори, па Рашфорд се прости од клубот преку социјалните мрежи. Тој има договор со Манчестер Јунајтед до летото 2028 година со неделна плата 380.000 евра. Висината на платата може да претставува проблем во Манчестер Јунајтед за потенцијални нови засилувања.

Новиот менаџер на „црвените Ѓаволи“ Мајкл Керик и Рашфорд имаа одлична комуникација додека двајцата беа играчи и може да се очекува за неколку дена Рашфорд по минување на првата фаза на подготовките да биде на располагање за пријателските дуели со Лидс и Милан.

Во меѓувреме Манчестер Јунајтед дресот со број 10 му го даде на ланското засилување Матеус Куња, а во клубот не се согласни за нова позајмица на Рашфорд или за продажба по цена под неговата вредност. 

Поврзани вести