Skip to main content

Во Белгија се основа партија „Трамп“ со идеи позајмени од комунистите и екстремната десница

Фејсбук профил на Доналд Трамп

Во Белгија претстои основање на политичка партија наречена „Трамп“, именувана по американскиот претседател, јавија локалните медиуми. Новата партија ќе споделува 40 отсто од програмата на Комунистичката партија, 40 отсто од идеите на екстремната десница, а останатите 20 отсто ќе бидат „сопствени вредности и позиции“.

Основачот на новата политичка организација, Салваторе Никотра, објасни дека Доналд Трамп е „апсолутен симбол на популизмот и го отелотворува токму она што“ идната партија ќе го застапува. Идната политичка организација ќе биде основана денеска, а во неа ќе членуваат политичари кои претходно учествувале и губеле на избори на листите на екстремната десница.

Никотра истакна дека, за разлика од белгиската екстремна десница, новата партија нема да се залага за поделба на Белгија и ќе биде „десно-популистичка и социјално ориентирана“. Тој најави дека партијата ќе се појави на претстојните избори за Федералниот парламент и за европратеници по четири години. ссм/сд/

Поврзани вести