
Поради значително зголемените цени и ниските залихи, луѓето во САД стануваат креативни со традицијата на боење велигденски јајца.
„Њујорк тајмс“ објавува приказна за Џон Јанг, фармер од четвртата генерација во фармата Јанг Џерси во Јелоу Спрингс, Охајо. За овие луѓе Велигден значи многу, многу јајца.
Во претходните години, тимот на оваа семејна фарма, воспоставиле традиција на креирање вистински велигденски тематски парк, за чие поставувае, тие купувале и до 10.000 јајца во неделата пред празникот за традиционалниот годишен „Велигденски лов на јајца“.
Потоа јајцата се печат во стоечки рерни – „многу е побрзо отколку толку многу да се вари“, потоа се ладат пред десетици јајца рачно да се обојат во големи челични тави.

Сепак, во февруари, г-динот Јанг и неговото семејство почнале да размислуваат за настанот, кој обично привлекува повеќе од 2.000 луѓе. Состојбата на пазарот на јајца во САД ги натера да се прашаат дали можат да си дозволат да го организираат овој „лов на јајца“.
Тоа што одлучиле е дека оваа година се ќе биде поинаку. За прв пат во 40-годишната историја на „ловот“, одлучиле јајцата скриени на зелената трева на фармата д бидат направени од пластика, а пристапиле и кон еден иновативен трик. Наместо јајца, тие одлучиле да бојадисат одредено количество мали, округли компири.
Одговорот беше прилично позитивен. Мислам дека луѓето се плашеа дека ќе го откажеме настанот поради сегашните цени на јајцата. Но, вака се задоволни што традицијата ќе продолжи“, вели Јанг за објавите на социјалните мрежи што компанијата ги објави за да ги информира своите клиенти за промената.