Украински беспилотни летала погодија две станбени згради во регионот Тамбов, а има и повредени.
Дронови удриле во две станбени згради во Котовск во текот на ноќта, при што се повредени неколку лица. Веста ја потврди вршителот на должноста гувернер Евгениј Первишов.
Како што кажа гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, после падот на делови од соборен дрон во селото Мајски се искршени прозорците на три куќи и се оштетени покривите.
Руските системи за противвоздушна одбрана ноќеска собориле 85 украински беспилотни летала над руска територија и тоа 31 беспилотно летало е уништено над Црното Море, 16 над Воронежскиот регион и Краснодарската територија, 14 над Азовското Море, четири над Белгородскиот регион, два над Тамбовскиот регион и по еден над Курск.
Има и привремени ограничувања за работата на аеродромите во Казан, Нижнекамск и Улјановск за да се обезбеди безбедност на летовите на цивилните авиони.
Руската инвазија на Украина почна пред скоро три години. Украина редовно гаѓа цели на руска територија.
🚀💥The SBU and the Navy of the Armed Forces of Ukraine destroyed a warehouse of Russian drones in the Rostov region.
— ✝ ⚔️ Hunter UA ✠ 🇺🇸🇺🇦 (@UaCoins) January 10, 2025
On the night of January 10, Ukrainian drones and a Neptune missile struck a warehouse with ammunition and reconnaissance drones near the village of Chaltyr.… pic.twitter.com/nWwInu1M8l