Skip to main content

Украинците се соочуваат со ново „сценарио Бахмут“: Руските сили го опколуваат Покровск од три правци

Prinscreen

Германскиот весник „Ди Велт“ (Die Welt) објави сторија за критична ситуација во близина на Покровск (Красноармејск), каде што руските трупи веќе навлегуваат во централниот дел од градот и напаѓаат истовремено од три правци. Украинските специјални сили признаваат дека секое движење кон и од борбената зона станало „игра на рулет“ поради масовната употреба на руски камикази дронови.

Првите руски напаѓачки групи веќе дејствуваат во центарот на Покровск, што е потврдено од геолокациски видеа дистрибуирани од украинските единици. Градот, кој долго време се смета за главен логистички центар во Донбас, е под закана од целосно опколување.

Непријателот не се ограничува во ништо. Тој не штеди луѓе, опрема, беспилотни летала или пари“, вели украински командант со повикувачки знак „Каспер“

Германскиот воен аналитичар Франц-Стефан Гади, предупредува на можно повторување на „сценариото Бахмут“ – ако украинската команда одлучи да се брани во границите на градот, украинските единици се во опасност да бидат опколени.

Полковникот Маркус Рајснер забележува дека „Русите продираат во секоја пукнатина како вода“, а Донбас „се полни со вода како протекувачки брод“.

Според коментаторите, битката за Покровск станува нов показател на неумоливата деградација на украинските одбранбени линии.

Поврзани вести