Skip to main content

Украина ја распушта „легијата на странци“ и ги испраќа борците во јуришните единици

Украинската војска донела одлука да ја распушти „легијата на странци“ што е дел од украинските сили и да ги испрати тие борци во јуришните единици.

Сите четири единици на Копнените сили на вооружените сили на Украина, кои беа формирани од самиот почеток на конфликтот под името „Меѓународни легии“, ќе бидат распуштени до крајот на 2025 година, објави украинскиор сервис на „Би-Би-Си“.

Според планот на Генералштабот на Украина, борците на овие единици, вклучувајќи ги и странските државјани, ќе продолжат да служат во ударните сили за напад.

Не е тајна дека јуришните единиците се во голема мера полни со криминалци извадени од затвор, луѓе со криминално досие… Ова значи дека од една страна ќе имаме практично казнен баталјон, а од друга страна ќе бидат странци“, вели еден од членовите на легијата.

Поврзани вести