
Во израелски воздушен напад денеска е убиен маж во автомобил во Јужен Либан, додека Израел се заканува дека ќе ги засили нападите врз проиранското либанско движење Хезболах.
Според либанското Министерство за здравство, автомобил бил погоден од воздух во близина на Тир, при што едно лице е убиено, а едно рането.
Нападот се случил во близина на училиште, што предизвикало паника меѓу децата, пренесе либанската агенција Ани.
Израелската војска соопшти дека го убила Хусеин Џабер Диб, наведувајќи дека тој бил член на елитната единица Радван на движењето Хезболах.
ИДФ додадоа дека убиле околу 20 луѓе „чии активности ги прекршиле договорите меѓу Израел и Либан“ во изминатиот месец.
И покрај прекинот на огнот договорен во ноември 2024 година, Израел често напаѓа упоришта на Хезболах во Либан.
Целта на примирјето беше да се стави крај на повеќе од една година борби меѓу Израел и Хезболах, но Израел последните денови ги засили нападите, тврдејќи дека сака да го спречи тоа шиитско движење да ги обнови своите воени капацитети.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата го обвини Хезболах дека се обидува „повторно да се вооружи“, а израелскиот министер за одбрана Израел Кац го обвини претседателот на Либан, Џозеф Аун, дека го одолговлекува договореното разоружување на групата.
Хезболах е ослабен од неодамнешната војна со Израел, додека САД го зголемија притисокот врз либанските власти да го разоружат, што исламистичкото движење го одбива.
Аун вчера ја повтори понудата за преговори со израелската влада, наведувајќи дека официјален Тел Авив не одговорил на неговиот предлог и продолжува да напаѓа

Македонски






