
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека смртните случаи поврзани со алкохол во Европа достигнуваат речиси 800.000 годишно.
Од агенцијата додаваат дека еден од три смртни случаи од повреди и насилство е исто така предизвикан од консумирање алкохол.
Организацијата забележува дека алкохолот е „еден од најмоќните и најдолготрајните фактори што придонесуваат за насилство и агресија“.
Само во 2019 година, повеќе од 40% од 25.600 смртни случаи во Европа биле поврзани со консумирање алкохол.

Македонски




