
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека сега постои шанса за прекин на огнот во Украина, пред разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
„Три и нешто години трае овој конфликт, не сме стигнале ни блиску… до одржлив начин да го доведеме до прекин на огнот“, рече Стармер на состанокот на европските лидери.
„Сега имаме таа шанса, поради работата што ја вложи (американскиот) претседател“, им рече тој на новинарите на видеоконференција што се одржа пред самитот во Алјаска закажа за в петок.