Skip to main content

Шведска испраќа три воени бродови во Балтичкото Море

Шведска ќе испрати три воени бродови во Балтичкото Море како дел од активностите на НАТО за зајакнување на присуството на воената алијанса во тој дел од светот, соопшти денеска шведската влада.

Шведската војска ќе испрати и разузнавачки авион „ASC 890“, се вели во соопштението на владата.

Шведска стана 32-та членка на западната воена алијанса во март, откако Русија ја нападна Украина.

Владата информира дека ова ќе биде првпат Шведска, како сојузник на НАТО, да придонесе за вооружените сили.

Одлуката е донесена откако серијата инциденти на Балтикот ја зголеми загриженоста за можни руски активности во регионот.

Поврзани вести