Skip to main content

Првиот човек на СЗО ќе го надгледува истоварувањето на крузерот со патници заразени со хантавирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, пристигна во Шпанија за да го надгледува истоварувањето на патниците од крузер што е погоден од епидемија на хантавирус.

Гебрејесус објави на Х дека е во контакт со капетанот на бродот и со функционер на СЗО на бродот. Тој рече дека во оваа фаза нема дополнителни луѓе на бродот кои покажуваат симптоми на хантавирус.

Се очекува бродот енеска да пристигне на Канарските Острови, изјави шпанската министерка за здравство Моника Гарсија Гомез, опишувајќи ја операцијата како „без преседан“.

Таа рече дека ниту багажот ниту телото на починатиот патник нема да бидат истоварени на Канарските Острови. Тие ќе останат на бродот со дел од екипажот, по што бродот ќе продолжи кон Холандија.

Германија, Франција, Белгија, Ирска и Холандија потврдија дека ќе испратат авиони за евакуација на своите граѓани.

Шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, изјави во Мадрид дека Европската Унија испраќа и два авиона за преостанатите европски граѓани.

САД и Велика Британија, исто така, подготвуваат авиони за своите граѓани.

На патниците ќе им биде дозволено да ги земат само најнеопходните работи. Другиот дел од багажот и телото на починатиот ќе останат на бродот и ќе бидат дезинфицирани во Холандија.

Патниците нема да можат да се симнат од бродот се додека авионот за нивна евакуација не биде подготвен за полетувањ

Поврзани вести