
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски ги избра стартните 11 фудбалери за вечерашниот контролен натпревар против Босна и Херцеговина меѓу кои единствен дебитант е десниот бек на Вардар, Георгије Јанкулов.
На голот е капитенот Столе Димитриевски, а во одбраната се стандардните Ѓоко Зајков, Висар Муслиу, Дарко Велковски и Херера.
Средниот ред го сочинуваат Бобан Николов, Јани Атанасов и Елиф Елмас, додека во нападот Бојан Миовски и Елмин Растодер.
Натпреварот на стадионот „Асим Ферхатовиќ“ во Сараево започна во 20:30 часот

Македонски


