
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, пристигна во Киншаса, главниот град на Демократска Република Конго, за да ги поддржи напорите за спречување на појавата на редок вид на вирусот ебола, со кој медицинскиот персонал во земјата се бори и покрај недостигот на опрема, недоверливо население и внатрешна војна.
„Со доаѓањето тука, сакам да покажам дека не сте сами“, рече Гебрејесус и истакна дека инфекцијата „може да се запре“.
Тој рече дека станува збор за „многу сложена епидемија“ и дека сузбивањето на заразата е комплицирано од фактот дека голем број луѓе биле раселени поради вооружениот конфликт во делови од Конго и несигурноста во снабдувањето со храна.
Посебно е тешко да се сузбие епидемијата, бидејќи веројатно болеста се ширела со недели пред да биде откриена во средината на мај.
Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина соопшти дека тројца од нејзините волонтери починале, за кои се верува дека се заразиле со ебола, на 27 март, повеќе од еден месец пред Африканските центри за контрола и превенција на болести да го објават првиот сомнителен смртен случај од ебола.
Заразата се шири, иако мерките против неа се поорганизирани и пристигнува повеќе опрема.

Македонски


