
Авиосообраќајот се одвива нормално, без потешкотии, тврди М – НАВ по информациите објавени во дел од медиумите дека има сериозен технички дефект на главната радио-станица на Солунска Глава.
М-НАВ тврди дека сите системи за навигација функционираат согласно меѓународните процедури и нема никакво загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Во М-НАВ сите критични системи се дуплирани и не постои никаква опасност од наводно загрозување на безбедноста на авиосообраќајот, велат од М-НАВ.

Македонски


