Skip to main content

Бразилскиот тинејџер го урна Ѓоковиќ по голем пресврт

Инстаграм/djokernole
Инстаграм/djokernole

Новак Ѓоковиќ доживеа шокантна елиинација на Ролан Гарос, откако по голема драма загуби со 3:2 во сетови од бразилскиот тинејџер Жоао Фонсека. Српскиот ас одлично го отвори мечот и поведе со 2:0 во сетови, па изгледаше дека сигурно чекори кон следната рунда, но младиот Бразилец не се предаде.

Фонсека заигра сè поагресивно, го крена нивото на игра и успеа целосно да го сврти натпреварот. Со силни удари и голема самодоверба, тој ги освои следните три сета и стигна до најголемата победа во својата кариера.

Поразот на Ѓоковиќ значи дека Ролан Гарос останува без едно од најголемите имиња уште пред завршницата на турнирот, а тенискиот свет доби уште една потврда дека новата генерација сериозно го презема врвот.

Поврзани вести