Едно лице е уапсено откако петорица беа повредени во напад со нож во јужен Лондон, јавува агенцијата „Анандолија“.
Полицијата и другите служби за итни случаи биле повикани на извештаи за напад со нож во магацин во Марлоу Веј, Бедингтон. Метрополитанската полиција соопшти дека маж на возраст од 50 години, двајца мажи на возраст од 30 години и двајца мажи на возраст од 20 години биле пренесени во болница со убодни рани. Според првичните информации тие не се во критична состојба.
„Во близина е уапсен 30-годишен маж поради сомнение дека нанел тешки телесни повреди и го поседувал оружјето употребено во нападот“, соопшти полицијата.
Оттаму додаваат дека и тој е пренесен во болница со повреди кои не се опасни по живот.
„Врз основа на прелиминарните информации, веруваме дека сите инволвирани се познавале. Затоа, не веруваме дека постои поширок ризик за јавноста“, рече главниот надзорник Енди Британ, командант на локалните полициски сили за јужен Лондон.