Skip to main content

Олујата Кристин однесе пет животи и предизвика хаос во Португалија и Шпанија

Олујата Кристин ја погоди Португалија и Шпанија, однесе најмалку пет животи и предизвика големи нарушувања во сообраќајот и секојдневниот живот поради силниот ветер, снегот и обилните врнежи, соопштија во четврток властите на двете земји.

Во Португалија, загинаа пет лица, од кои четири во близина на градот Леирија во централниот дел на земјата.

Oстанете во домовите и не возете по улиците“, рече во јавно обраќање командантот на локалната полиција, Домингос Урбано Антунес.

На подрачјето на Леира е регистриран удар на ветер од 176 километри на час, поради што е затворен поголем број училишта. Ветерот предизвика и значителна материјална штета, а без електрична енергија останаа околу 573.000 домаќинства, соопшти дистрибутерот Е-Редес.

На крајбрежјето е прогласен црвен аларм поради исклучително брановито море.

Во соседна Шпанија снегот и дождот во четврток го зафатија 71 пат, од кои 19 беа целосно затворени за сообраќај.

Предупредувања за опасни временски услови се издадени во 12 од вкупно 17 автономни покраини, а меѓу најзагрозените се јужните региони Андалузија и Мурсија, како и северните Галисија и Астурија.

Во Андалузија во последните два дена се регистрирани 2.505 инциденти, но без загинати.

Ниту еден од нив не беше сериозен. Најчесто паѓаат дрвја или предмети од згради“, изјави Антонио Санз, одговорен за итни ситуации во регионалната влада, повикувајќи ги жителите на Андалузија на претпазливост.

Минатата недела дождот и снегот веќе го отежнуваа сообраќајот во Каталонија на североистокот на Шпанија, каде поради одрони и заштитен ѕид на железничките пруги дојде до две несреќи. Таму приградските возови не сообраќаа неколку дена.

Поврзани вести