Повеќе од 50.000 луѓе добија наредба за евакуација или предупредување во средата, бидејќи огромен и брз шумски пожар ги зафати нерамните планини северно од Лос Анџелес, јавува денеска АП.
Пожарот избувна во доцните утрински часови и во рок од шест часа јагленоса околу 39 квадратни километри дрвја и ниско стеблести растенија во близина на езерото Кастаик, популарна област за рекреација на околу 64 километри од разорните пожари во Итон и Палисадес, кои горат веќе трета недела. Иако регионот беше под предупредување за црвено знаме, ветровите не беа толку брзи како што беа кога избувнаа тие пожари, дозволувајќи им на авионите за гасење пожар да истурат десетици илјади галони вода.
Нема пријавени изгорени куќи или други објекти.