
Ноќниот живот во Холандија е намален поради лошата економска состојба, и поинакви приоритети кај младите, покажува најновото истражување спроведено од Здружението на холандски музички сали и фестивали (ВНПФ).
Според официјалните податоци за 2025 година, бројот на посетители на клупски настани во Холандија е намален за речиси 14 отсто во споредба со претходната година.
Постојат повеќе причини за овој негативен тренд, но како главни фактори се издвојуваат промената на навиките кај младите генерации и растот на трошоците за живот, се наведува во соопштението на ВНПФ
Според претставникот на организацијата, Арне Де, младите генерации едноставно имаат поинакви потреби и не сакаат да излегуваат толку често како порано.
Една од причините за ваквата промена кај младината е и поскапувањето, кое не ги поштеди ниту ноќните клубови, изјави Де.
Според истражувањето, сè помалку посетители има и на концерти. Бројот на посетители во 2025 година е намален за 3,6 проценти во споредба со 2024 година. Поради тоа, многу сопственици на сали се соочиле со финансиски загуби.
Има сè помалку продадени билети. Воедно луѓето избегнуваат да купат пијалаци, со цел да заштедат некое евро. Имаме сè поголеми трошоци, а и ангажманите на музичарите се сè поскапи, велат сопствениците на клубовите во Холандија.

Македонски



