Skip to main content
ZEOD476G1qc

Холандија си заминува дома

Репрезентацијата на Мароко успеа да се пласира во осминафиналето откако утрово по изведување пенали ја победи Холандија. Натпреварот заврши нерешено 1:1, а по пеналите беше 3:2.

Холандија поведе во 72.минута со голот на Коди Гакпо, додека Мароко изедначи во судиското надополнување на вториот дел (90+1) преку Иса Диоп.

При изведувањето голови за Мароко постигнаа: Рахими, Талби и Саибари, додека стрелци кај Холандија беа: Копмајнерс и Вегхорст. Непрецизни од белата точка беа: Ел Ајаноуи и Хакими кај Мароко, а Клајверт, Тимвер и Самервил кај Холандија.

Мароко во осминафиналето ќе игра против Канада на 4.јули во Хјустон.

Поврзани вести