Skip to main content

Нетанјаху нареди „жестоки напади“

Freepik

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху им нареди на израелските одбранбени сили (ИДФ) „жестоко да нападнат“ цели на Хезболах во Либан.

Претходно, портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае повторно ги предупреди либанските цивил, и покрај примирјето, да не се враќаат во јужен Либан.

Во текот на денот се огласија сирените за тревога во областите Менара, Маргалиот и Мисгав Ама. Според израелските медиуми од либанска територија истрелани се три ракети.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена изјави дека примирјето помеѓу Израел и Хезболах се продолжува за три недели, но и двете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на прекинот на огнот.

Поврзани вести