Skip to main content

Лекарската комора одбележува 34 години постоење, отворено историско катче со медицинска опрема користена меѓу двете светски војни

Со официјално претставување на историско катче кое содржи медицинска апаратура што се користела меѓу двете светски војни денеска Лекарската комора одбележува 34 години постоење. 

Медицинската опрема е донација од семејството Србјак, кое е потомок на Ѓорѓи Дудев кој како доктор работел во Прилеп и е еден од првите организатори на здравствениот систем во Македонија. 

Колегата оставил за себе апаратура која ние со гордост ја прикажавме денес. Ако појдете по музеите во нашата држава, нема да видите ниту еден експонат којшто е поврзан со нашата работа. Убаво е да имаме историско катче, убаво е да го формираме музеј за нашата работа, затоа што докторите во Македонија не се само 34 години наназад, откако е Комората формирана, ние работиме со години наназад и оставаме трага“, изјави претседателката на Лекарската комора Калина Гривчева Старделова.

Доктор Старделова се надева дека ова ќе биде поттик и за останатите семејства на доктори да донираат ваква опрема која ќе сведочи за едно време и ќе биде доказ дека медицината во земјава не е од вчера. 

Поврзани вести