
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против професор од средно училиште во Кичево, кој физички нападнал малолетна ученичка.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека ученичката се здобила со телесни повреди.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201 од Кривичниот законик. Тој, при извршување работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, физички нападнал малолетна ученичка во училиштето, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница во Кичево“, информираат од МВР.

Македонски


