
Специјалисти од Институтот за Океаногеологија од Санкт Петербург тргнаа на експедиција на истражувачкиот брод „Павел Гордиенко“. Тие ќе спроведат гасно-хидро-геохемиски истражувања на морското дно во ексклузивната економска зона на Cеверна Кореја, објави севернокорејскиот „НК њуз“.
Целта на експедицијата е да се направи проценка на резервите на нафта и гас во Јапонското Море, на морското дно покрај брегот на Cеверна Кореја.

Русија и Cеверна Кореја потпишаа договор за соработка во истражувањето на јаглеводороди во ноември 2023 година.
Според експертите, учеството на Русија во експлоатацијата на севернокорејските ресурси би можело да биде пресвртница за Cеверна Кореја. Проценките се дека источниот брег на Cеверна Кореја сигурно содржи гас, а веројатно и нафта.

Македонски


