Skip to main content

Макрон ќе го помине Божик во Емиратите со своите војници

video screenshot

 Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска пристигна во посета на Обединети Арапски Емирати, каде ќе го прослави и Божик со француските војници распоредени во ОАЕ.

Макрон беше пречекан од претседателот на ОАЕ, шеик Мохамед бин Зајед ал Најан.

Макрон на платформата Икс апелираше за зајакнување на стратешкото партнерство и стабилноста на Блиски Исток.

Францускиот претседател секоја година божиќните празници ги прославува со посета на војниците распоредени во странство.  Во три бази во ОАЕ распоредени се околу 900 француски војници.

Како што соопшти Елисејската палата, годинава се избрани ОАЕ бидејќи се лоцирани во подрачје што е жариште за голем број кризи.

Франција и ОАЕ имаат соработка во повеќе сфери, од вештачката интелигенција до култура и трговија. Париз сака да ги поддржи ОАЕ  во нивната борба против илегалната трговија со дрога. Париз минатиот месец побара од ОАЕ да екстрадираат петнаесетина осомничени трговци со наркотици во Франција. 

Макрон во ОАЕ е придружуван од министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро, министерката за вооружени сили Катрин Вотрен и министерот за правда Жералд

Поврзани вести