Лидерите на ЕУ му посакаа успех на Доналд Трамп во неговиот втор мандат како претседател на САД, јави ДПА.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста на платформата Х ги објавија своите најдобри желби до новиот американски претседател.
ЕУ со нетрпение очекува да работи тесно со вас за да се справи со глобалните предизвици“, напишаа двајцата.
Во објавата на Х го има повикот до новата американска администрација за тесна соработка со ЕУ.
Заедно, нашите општества можат да постигнат поголем просперитет и да ја зајакнат нивната заедничка безбедност. Ова е трајната сила на трансатлантското партнерство“, напишаа Кошта и Фон дер Лајен во заедничката објава на Х.