Skip to main content

Ковчегот со посмртните останки на иранскиот ајатолах Али Хамнеи пристигна во ирачкиот град Наџаф

X / KHAMENEI.IR | فارسی

Ковчегот со посмртните останките на убиениот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска пристигна во светиот шиитски град Наџаф во Ирак.

Премиерот на Ирак, Али ал Заиди, високи функционери, шиитските верски водачи учествуваа во церемонијалниот пречек на останките на Хамнеи на меѓународниот аеродром Наџаф.

Предвидено е утре да продолжи погребната церемонија во Наџаф, каде пристигна и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан..

Хамнеи на 9 јули ќе биде погребан во неговиот роден град Машхад. Тој беше убиен на 28 февруари, на првиот ден од американско-израелски воздушен напад врз неговата официјална резиденција во Техеран.

МИА

Поврзани вести