Skip to main content

Артета сака што повеќе играчи во ростерот поради густиот распоред

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се залага за зголемување на бројот на играчи во ростерот.

Фудбалерите на Арсенал, Габриел Мартинели, Итан Нванери и Габриел Жесус, не беа вклучени во составот за победата над Манчестер сити (3:0) во Комјунити Шилд.

– Се обидувам да ја убедам Премиер лигата и клубовите да го зголемат бројот на играчи во составот, бидејќи играме сè повеќе натпревари, а обемот на работа е едноставно нереален. Штета е што не им даваме шанса на некои фудбалери да бидат на резервната клупа, изјави Артета.

Во текот на минатата сезона многу тренери на врвни европски клубови се пожалија на густиот натпреварувачки календар и малиот број денови за одмор на фудбалерите. 

Поврзани вести