Skip to main content

Заслужено: Aртета тренер на годината во Премиер лигата

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, е прогласен за тренер на годината во англиската Премиер лигата за сезоната 2025/26.

Под водство на 44-годишниот Шпанец, „Топчиите“ ја освоија својата прва титула во Премиер лигата по 22 години.

Лондонскиот клуб собра 85 поени од 38 натпревари и го освои првото место, седум повеќе од второпласираниот Манчестер сити.

Арсенал ја освои англиската Премиер лига по 14. пат во својата историја. Тие станаа шампиони на Премиер лигата за прв пат од сезоната 2003/04, кога под водство на Арсен Венгер, беа непоразени во Премиер лигата

Поврзани вести