
Македонската женска ракометна репрезентација одработува трет ден од подготовките за претстојниот настап на Европското првенство, на кое ќе настапи во романскиот град Клуж, каде за ривали во групата покрај домаќинот Романија ги има уште Норвешка и Швајцарија.
Настапот на Европско првенство за мене е остварување на голем сон. Секоја девојка од мала возраст сонува да го носи националниот дрес на големо натпреварување, а одговорноста е голема дека ја претставуваме цела Македонија. Имаме смена на генерации, но со дисциплина и со искуството од претходните првенства треба да го искористиме за да одиграме најдобро и да ја направиме Македонија горда, изјави репрезентативката Катерина Дамјаноска.
Македонските ракометарки како дел од подготовките од 27 до 29.ноември во Анкара ќе одиграат три натпревари на турнир, а противнички им се селекциите на: Турција, Финска и Италија.

Македонски




