
На италијанскиот тенисер Јаник Синер извршена му е операција во Финска. Оперативниот зафат на коленото го изведе професорот Ласе Лемпаинен, ортопед и еден од водечките светски специјалисти за спортска хирургија.
Се проценува дека периодот на рехабилитација ќе трае околу три месеци.
Јаник Синер од тениските терени отсуствува од 12.јули кога победи во финалето на Вимблдон.
Тој оваа година настапи на шест финалиња и сите шест успеа да ги победи: Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Мадрид, Рим и Вимблдон

Македонски




