
Најдобриот тенисер на светот Јаник Синер соопшти дека поради повредата нема да настапи на мастерсот во Шангај. Тенисерот од Италија поради повредата на коленото не настапи на неколку турнири и од таа причина е загрозено неговото прво место на АТП листата.
За жал нема да можам да играм на турнирот во Шангај годинава, иако имав надеж. Секогаш било пријатно да се игра пред навивачите во Шангај и жалам што нема да бидам таму.
Синер во 2024 година триумфираше на мастерсот во Шангај, откако во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ; додека минатата година сензационален победник беше Валентин Вашеро од Монако.
Мастерсот во Шангај ќе се игра од 7 до 18.октомври.

Македонски


