Skip to main content

Повеќе скопски населби утре ќе бидат без струја

Фрипик

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (8 јули 2026 година) без електрична енергија привремено ќе останат повеќе населби и улици во Скопје.

Според најавата, прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има на следните локации:

Горно Соње – дел од улица 8 (месност „Коштан“), од 08:30 до 15:00 часот;
Шуто Оризари – дел од улицата „Македонска Косовска Бригада“ кај сервис „Бутел“, од 09:00 до 11:00 часот;
Сопиште – дел од улица 4 (месност „Ветрила“), од 09:00 до 12:00 часот;
Лисиче – дел од улицата „Тодор Чангов“, од 09:00 до 14:00 часот;
Лисиче – дел од улицата „Тодор Чангов“ бр. 21, од 09:00 до 14:00 часот;
Карпош – делови од улиците „Хашка“, „Будимпештанска“ и „Душко Бојковски“, од 09:00 до 14:00 часот;
Ѓорче Петров – делови од улиците „Црногорска“, „Александар Македонски“, „Борис Сарафов“, „Смилевска“, како и месната заедница и бензинската пумпа во тој реон, од 09:30 до 14:30 часот;
Волково – дел од селото, улица 95 и околните улици, од 12:00 до 14:00 часот.

Од надлежните апелираат граѓаните и компаниите навреме да ги планираат своите активности и да ги земат предвид најавените прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Поврзани вести