Skip to main content

Најава од ЕВН: Повеќе скопски улици утре без струја

Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа,утре (вторник) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Центар и Карпош.

Според најавата, од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат делови од улиците Истарска, 83, Битолска, 42, Светозар Марковиќ, 47, како и делови од булеварите Моша Пијаде и Крушевска Република во општина Центар.

Во општина Карпош, од 09:00 до 13:00 часот прекин на електричната енергија ќе имаат корисниците од дел од ул. 1687 во село Бардовци, додека од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе остане дел од село Орман, пред пругата.

Од ЕВН апелираат граѓаните да ги планираат своите активности согласно најавените прекини.

Поврзани вести