Skip to main content

СЗО: Три пати за неколку дена погодено складиште за здравствена помош во Дњепропетровск, залихите уништени

Складиштето на Светската здравствена организација во Дњепропетровск, што содржеше итни медицински материјали наменети за здравствените установи на првата линија на фронтот, е погодено три пати за неколку дена, уништувајќи ги сите залихи, објави денеска СЗО.

Складиштето првпат беше погодено на 3 август, по што СЗО го оцени како небезбедно и почна да ги преместува залихите. Складиштето беше повторно погодено на 7 август, веднаш откако вработен во СЗО и неколку возачи си заминаа, а неколку часа подоцна трет напад го уништи објектот.

Тимовите на СЗО успеаја да преместат 130 од приближно 300 палети со залихи на друга локација пред нападот. Вредноста на залихите во складот ​​пред нападот беше проценета на околу 500.000 долари.

Немаше жртви во нападите, а СЗО сè уште ја проценува вкупната штета.

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс-Хенри П. Клуге, рече дека складиштето содржело залихи наменети за одржување на здравствените услуги на првата линија на фронтот и дека неговото уништување би значело помалку лекови, опрема и капацитет за лекување на болните и ранетите.

Овие напади мора веднаш да престанат, рече Клуге.(МИА)

Поврзани вести