Skip to main content

Хосам Хасан жестоко ја нападна ФИФА: Ова беше наместен натпревар

Селекторот на Египет, Хосам Хасан, не го криеше незадоволството по драматичниот пораз од Аргентина со 3:2 во осминафиналето на Светското првенство.

Веднаш по натпреварот, Хасан упати остри критики кон ФИФА, тврдејќи дека неговата селекција била оштетена и дека судењето било во корист на актуелниот светски шампион.

Ова беше наместен натпревар. Ако ФИФА сака Аргентина да стане светски шампион и ја турка кон титулата, нека го каже тоа јавно, за ние останатите да не се мачиме. Во овој фудбал нема фер-плеј, нема правда и нема почит. Ова е најсрамното Светско првенство“, изјави Хасан по натпреварот.

Египетскиот селектор смета дека вториот погодок на Аргентина бил постигнат по спорна ситуација, а тврди и дека неговата репрезентација била оштетена за чист пенал врз Мохамед Салах во завршницата од натпреварот.

Неговите изјави би можеле да предизвикаат реакција од ФИФА, која во минатото санкционирала функционери и тренери поради јавни обвинувања на сметка на судењето и организацијата на натпреварувањата.

Поврзани вести