Skip to main content

Израел го оспорува составот на Извршниот комитет за Газа

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека „составот на Извршниот комитет за Газа, кој е подреден на Мировниот комитет, не е координиран со Израел и е во спротивност со неговата политика“.

Станува збор за ретко јавно несогласување меѓу Израел и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објавува „Тајмс оф Израел“.

Белата куќа назначи и Мировен комитет и Извршен комитет за Газа, во кој се вклучени личности како што е турскиот министер за надворешни работи, што очигледно е една од причините за незадоволството во Кабинетот на израелскиот премиер, според „Тајмс оф Израел“.

Поврзани вести